В среда, 12 февруари, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена најпопуларната и најизведувана оперска претстава кај нас „Травијата“. Претставата ја режираше гостинката од Бугарија, Нина Најденова. Насловната улога, Виолета Валери, ќе ја толкува сопранот Благица Поп Томова, Алфред Жермон ќе го толкува тенорот Ѓорѓи Цуцковски, додека Жорж Жермон ќе го интерпретира баритонот Борис Трајанов. Диригент е Бисера Чадловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.