| четврток, 6 декември 2018 |

Комплексот „Ера сити“ ќе продолжи да се гради

ера ситиУнгарски инвеститори ќе инвестираат заедно со словенечката групација „Ера“ во изградбата на комерцијално-деловниот комплекс „Ера сити“, најавува „Скопски саем“. Изградбата на овој комплекс, најавуван како „град во град“, почна во февруари 2008 година и многу брзо застана. Работите оттогаш се во мирување, а има најави дека наскоро повторно ќе се придвижат, но според нов концепт што го подготвиле унгарските инвеститори.

„Дневник“ го пренесува извршниот директор на „Скопски саем“, Дејан Kошути, кој вели дека лани напролет бил постигнат договор со компанијата „Три гранит“ од Унгарија, која заедно со словенечката групација „Ера“ ќе гради трговски центар и деловни згради. Kомплексот би се изградил за две години од добивањето на градежната дозвола.

– Површината за развој на проектот е 110.000 квадратни метри. Во моментот е при крај постапката за измената на деталниот урбанистички план во согласност со концептниот дизајн изработен од страна на компанијата „Три гранит“ – потенцирал Kошутиќ.

Не е прецизирано кога точно би продолжила изградбата на комплексот, ниту пак колку ќе чини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top