Ако мислевте дека во месец aприл е сè уште рано да се одбере летната дестинација каде што може да се патува, тогаш оваа девојка го докажува спротивното. Во бикини, летна атмосфера и планови за патување, оваа дама си ја одбра омилената дестинација каде што ќе патува ова лето, велат од Скопски саем.
Токму таму, од 7 до 9 мај годинава ќе се одржи Саемот за туризам.
Сите граѓани ќе можат да си го одберат местото каде што ќе може да патуваат, летуваат и уживаат во следниот период. Вистинските одлуки и решенија се прават кога имате избор, а голем избор овој пат има на Саемот за туризам кој нуди повеќе од атрактивни, ексклузивни и интересни места кои вреди да се посетат и видат, велат од Скопски саем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.