| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид го доби воениот локалитет „Мауцкер“

maucker

Воениот локалитет „Мауцкер“ ќе прерасне во индустриска развоја зона. Државата му го отстапи локалитетот на градот Охрид бидејќи Министерството за одбрана и Армијата одамна не го користат.

Воениот локалитет „Мауцкер“ ќе прерасне во индустриска развоја зона. Државата му го отстапи локалитетот, кој Министерството за одбрана и Армијата одамна не го користат, на градот Охрид. Се работи за 13 објекти со површина од 1530 квадратни метри и огромно земјиште коешто спаѓа во локалитетот. Градоначалникот Бакрачески вели дека изградбата на индустиска развоја зона претставува есенцијална потреба за граѓаните на Охрид.

Локалната самоуправа наскоро ќе ја добие и касарната, објект кој АРМ со години не го користи.

Работната верзија за изгледот на индистриската зона е готова, во тек е тендер за изработка на главен проект. Интерес за инвестирање и од домашни и од странски комапнии има, но кога ќе влезат првите инвестиции зависи од диманиката со која ќе се изведуваат работите. Ќе се градат мали капацитети од лесна индустрија. Интенцијата е да се креираат нови работни места, да се подигне животниот стандард на охриѓани, а градот економски да заживее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top