Белгиски тур-оператори и новинари биле заинтересирани за македонската туристичка понуда на саемот за туризам во Белгија. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот истакнуваат дека се надеваат и на понатамошна успешна соработка со „Џет ер“ (JetAir) како и нејзино интензивирање во наредните години. За време на четиридневниот саемот, штандот на Агенцијата го посетиле и македонскиот амбасадор Лазар Еленовски, како и економскиот промотор во Белгија, Крешник Бектеши. По Белгија, туристичките потенцијали на Македонија ќе бидат претставени на саемите во Софија и во Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)


