| четврток, 6 декември 2018 |

Чепреганов: Антимакедонската бугарска пропаганда никому не носи добро

todor cepreganov

Историчарот Тодор Чепреганов вели дека треба да престана таквиот тип пропаганда бидејќи таа не носи ништо добро во односите меѓу двете држави и двата народи, вели тој за „Алфа“.

Како може да се негира нешто за што тие самите тврдат дека не постои, реагира македонскиот историчар Тодор Чепреганов на документарниот филм „Македонија-последна творба на Коминтерната“, чиј втор дел беше емитуван сношти на најгледаната бугарска телевизија БТВ.
Тој смета дека станува збор за тенденциозен и пропагандистички обид неисториски да се толкуваат документи и сведоштва со кои се манипулира за да се докаже дека македонскиот народ не постои.

Во филмот се тврди дури и дека не Бугарија, туку Југославија со поддршка од Сталин и на Георги Димитров го асимилирала населението во пиринскиот дел, кое под притисок на тогашните власти иако се чувствувало како бугарско било принудувано да се пише како македонско. Чепреганов вели дека треба да престана таквиот тип пропаганда бидејќи таа не носи ништо добро во односите меѓу двете држави и двата народа, а историските дилеми и недоразбирања да се расчистуваат на научни форуми и симпозиуми, со заедничко учество на историчари од обете држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top