| четврток, 6 декември 2018 |

Претставите на Дуковски „Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“ ќе бидат изведени во Њујорк

dejan dukovski1

Плакатот за претставите на Дуковски

Драмските дела „Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“, на македонскиот драматург Дејан Дуковски ќе бидат изведени во Њујорк, во престижниот „Продисес клуб“ (Producers’ Club) веднаш до центарот на Бродвеј.
Ова е прво изведување на престави напишани од македонскиот Чехов, како што многумина го нарекуваат македонски писател, драматургот Дејан Дуковски, во Њујорк. Преставите ќе се одржуваат секој ден, во два термина.

dejan dukovski

Дејан Дуковски

Преставата „Изгубени Германци“, почнува со изведби на 21 март во 20.00 часот, а е во режија на Петар Варбанов, а од 28 март во 22.00 часот ќе следи претставата „ММЕ кој прв почна“, во режија на Теодор Петелов.
Овие две ремек-дела ги препозна театарската компанија „Д Вајтлист“ (www.thewhitelisted.com), која како ловец на добри балкански претстави, веќе трета сезона им овозможува и американска премиера на врвни дела од балкански писатели.
Оваа театарска компанија е составена од млади ентузијасти, кои потекнуват од повеќе различни земји од Европа, претежно од Балканот. Но и учесници од САД се активни во проектот, еднакво со Европејците, кои имаат за цел да ја донесат и прикажат балканската култура и уметност и во САД.
Преставите ќе бидат изведувани на англиски јазик, а тимот е составен од млади актери од САД и од Балканот. Овие две претстави, кои во Македонија доживеја голем успех, а сега ги очекува и американски успех, се поддржани со кампања, која може да ја погледнете на веб-порталот „Рокртхуб“ (Rоckethub.com http://www.rockethub.com/projects/37841-the-dukovski-project-2-plays-from-the-balkans).

Секој што ќе ја поддржи кампањата ќе добие бесплатен билет за претставите, повикуваат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top