Освен одличната вест за обезбедувањето учество во осминафиналето во Лигата на Шампионите, од РК Металург соопштија уште една добра вест – повредата на Наумче Мојсоски се побрзо заздравува и тој е сè подобар.
– Наумче денеска се вратил од Даруварске Топлице, но во Скопје ќе остане кратко, бидејки наскоро ќе замине во Австрија, на контрола кај д-р Шенк. Од Австрија Мојсовски повторно ќе замине во Даруварске Топлице на нова двенеделна рехабилитација. После тоа следува процес на поинтензивни индивидуални тренинзи, се до комплетното враќање во тренажниот процес – велат од РК Металург.
Тоа што радува е информацијата дека, според лекарите, коленото на Наумче ја добива потребната флексибилност и дозволува целосна екстензија, додека квадрицепсот на оперираното колено ја враќа својата цврстина и обемот, кои се потребни за да се издржат максималните напори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.