| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Мнозинство католици против ставовите на Римокатоличката црква за разводот, абортусот и контрацепцијата

katolici

Мнозинство католици во светот се против ставовите на Римокатоличката црква за разводот, абортусот и користењето контрацептивни средства, но се согласни со неа дека не треба да се одобрува брк за хомосексуалци.

Тоа се вели во резултати на анкета објавена денеска од американската хиспано-јазична телевизија Јунивижн. Анкетата била спроведена во Мексико, Бразил, Аргентина, Конго, Колумбија, Шпанија, Франција, Италија, Филипини, Полска, Уганда и САД. Во тие држави живеат 61 отсто од католиците во светот.

Речиси две третини од анкетираните (68 отсто) се со став дека абортусите треба да се дозволат во некои случаи, 78 отсто поддржуваат употреба на контрацептивни средства, а 58 отсто не се согласни дека треба да се забрани причестување на луѓе кои се развеле и повторно се ожениле.

Во анкетата се вели дека 66 отсто луѓе одобруваат спротиставување на Ватикан за еднополови бракови.

Анкетата е извршена во декември и јануари од Институтот Бендиксен енд Аманди интернешнал во Мајами.

Од анкетираните, 70 отсто редовно одат во црква, а 30 отсто одвреме-навреме.

Во Франција, на пример 94 отсто се против забрана за абортус, додека на Филипините само 27 отсто. Еднополовите бракови ги одобруваат 64 отсто во Шпанија и само еден отсто во Уганда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top