| четврток, 6 декември 2018 |

Обајвени уште 12 кандидати од ВМРО- ДПМНЕ, Беличанец за Кисела Вода, Латиновски за Бутел

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница му ги предложи на Централниот Комитет, а тој ги утврди имињата на следните 12 кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори

vmro-dpmne5002
За општина Кисела Вода изборот на ВМРО- ДПМНЕ е актерката Билјана Беличанец Алексиќ. Досегашниот градоначалник на општина Кичево, Благоја Деспотоски- Ташко, ќе биде поворно кандидат; Борче Стамов, портпаролот на МНР е изборот за кандидат за Дојран; актуелниот градоначалник на  општина Бутел, г. Петре Латиноски, поворно ќе се трка на 24 март; за општина Неготино кандидат е Ванчо Апостолов, пратеник во Собранието, за Демир Хисар, Љупчо Блажевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар. Веле Груесвки, досегашен градоначалник на Зелениково ќе бара уште еден мандат од граѓаните. За општина Сопиште, Стефче Трпковски, пратеник во Собранието. Горанчо Пановски, досегашен градоначалник на општина Чашка, е повотно кандидиран од партијата. Игор Поповски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Пехчево, ќе се трка за Пехчево. За општина Карбинци, Зоран Минов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во истата општина и за општина Конче, Благој Јованов, претседател ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Конче.

Основен вредносен принцип според кој Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се водеше при изборот на кандидатите за градоначалници за престојните локални избори беше понудата на квалитетни програмски решенија во сферата на инфраструктурниот, стопанскиот и економскиот развој на општината. Значаен критериум за избор на кандидатот беше и неговиот личен кредибилитет и досегашен придонес за општината за која се кандидира, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top