Колегиумот на Тузланскиот кантон од каде почнаа протестите кои се проширија во повеќе градови од Федерацијата НиХ, одржа денеска состанок со претставници на Здружението на невработени од тој кантон и неформалната ФБ-група Удар и притоа се донесени неколку заклучоци со цел надминување на кризата.
Според локални медиуми, на Колегиумот е заклучена заедничка определеност состојбата во тој кантон да се менува и поправа во согласност со Уставот и законите.
Поддржани се и оправдани протестите на граѓаните, а осудено насилството и од двете страни. Заклучено е проблемот да продолжи да се решава со дијалог.
Во следните 10 дена со разговори и консултации на сите заинтересирани ќе бидат предложени кандидати за мандатар и членови на Владата на Тузланскиот кантон и потоа потврдени на седница на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Криза во Шпанија: Каталонија ќе оди на референдум
-
За неа нема веќе шеќер во исхраната: Четири замени за чоколадото, гумените бомбони и слатките
-
Ја чувствуваат кризата – градежниците не се охрабруваат да почнат нови инвестиции