| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени 24 лица за тепачката меѓу „Фемили“ и „Кумани“

navivaci

МВР уапси дваесет и четворица за тепачката во Охрид меѓу навивачките групи „Фемили“ и „Кумани“ без да наведе на која група ѝ припаѓаат уапсените.

Според нивното соопштение, на 8.2.2014 година  во Охрид, на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, пред почнување на кошаркарскиот натпревар меѓу КК МЗТ-Скопје и КК-Куманово од Куманово, навивачките групи од двете екипи насилно се однесувале со повикување, поттикнување и учество во тепачка, при што си размениле удари, а исто така и фрлале со разновидни предмети и оштетиле три патнички моторни возила кои биле паркирани во близина на местото. Во врска со овој настан се приведени и задржани 24 лица. По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top