| четврток, 6 декември 2018 |

Петиција за полничка принцеза на Дизни

Повеќе од 22 илјади луѓе ја потпишале онлајн петицијата со којашто од медиумската корпорација „Дизни” се бара новиот лик на принцезата кој би бил пополничка и ми ги имал сите прекрасни особини на претходните незаборавни но слаби анимирани женски ликови, пренесува BBC. Кампањата онлајн го организирала американската средношколка Џевел Мур од местото Фармвил во сојузната американска држава Вирџинија, којашто и самата е полничка и верува дека позитивен „покрупен” лик би испратил поттикнувачка порака за жените низ светот коишто се борат со вишокот килограми.

-И самата сум покрупничка, а знам уште многу девојки на коишто им е потребен еден таков медиумски лик во поголема величина, ја појаснува Мур својата иницијатива.Кога Disney би го направил главниот женски лик во поголема величина кој би бил исто толку паметен, прекрасен и незаборавен како и некои други, тоа и донело многу добро на сите оние дебелки во светот којшто непрестајно да се бомбардираат со призори поради кои се чувствуваат грди, бидејќи не им одговараат на слабите стандарди, порачува Мур.

Медиумската франшиза Disney Princess во сопственост на компанијата „Walt Disney Company” е основана кон крајот на 1990-те а ги опфаќа некои од најпознатите Дизниеви женски ликови како Снежана креиран во 1937 година, Пепелашка во 1950-те, Малата сирена во 1989-та, Покохонтас во 1995 година и други.

Познатите анимирани филмови на „Walt Disney Company” покажуваат донекаде помодерни размислувања, па на пример во „Многу заплеткана приказна” од 2010 година и во „Снежното кралство” од 2014 година, меѓутоа иако главните хероини се посмели и понезависни, сите се слаби.

Засега од „Walt Disney Company” не одговорија на петицијата на Мур. Ким Калмон, потпретседателка за дизајн во компанијата „Mattel”, којашто ги произведува куклите Барби често критикувана поради нереалните телесни пропорции, во едно интервју се обиде да го одбрани ставот на произведувачите по ова прашање. „

-Девојчињата светот го гледаат сосема поинаку од нас возрасните, Не му пристапуваат од тој агол и со иста вид товар како ние, вели Калмон. Тврди дека нејзината компанија е заинтересирана за „развивање” на телот на Барби, но напомена дека мораат да внимаваат таа и натаму да може да ја облече својата облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top