| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска помали протести во Бихаќ и Сарaево

Помали протести се забележани денеска попладнето во Бихаќ каде неколку стотина луѓе барале оставка од премиерот на владата на Унско-санската жупанија Хамдија Липовача, а поддршка добиле и од помали групи демонстранти во Сански Мост и во Босанска Крупа, додека во Зеница, Тузла и Мостар, за разлика од петокот беше мирно. Денеска немало поголеми инциденти, забележани се само вербални напади на собраните граѓани врз полицајците. Неколку десетина лица се собрале во доцните попладневни часови пред запаленото седиште на жупаниската влада во Сараево. И тие повикувале на оставка на премиерот Суад Зељковиќ. И овој собир протекол мирно.

Сараевската полиција соопшти дека ги истражува безредијата коишто избувнаа во петокот во кои привела 27 лица. Од жупаниската полиција е потврдено дека кај некои од учесниците од учесниците на протестите се пронајдени дури 13 килограми од дрогата „спид” во таблети.

Во Мостар, Зеница и Тузла во саботата не се регистрирани никакви собири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top