По повод културниот празник на Словенија, во организација на „Матица македонска“ од Скопје и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија денеска во просториите на Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ ќе биде промовирано македонското издание на култниот роман „Аламут“ од класикот на словенечката литература, Владсимир Барол.Преводот од словенечки јазик го направи проф.Соња Должан, долгогодишен учесник на Меѓународниот семинар за македонски јазик во Охрид и голем афирматор на македонската литература во Словенија.
На свеченоста ќе говорат писателот Раде Силјан и Неговата екселенција Бранко Раковец, амбасадор на Р. Словенија во Р.Македонија, а романот ќе го промовира проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.