Џон Илија Апелгрин ја препеа „Ми вети ти“, напишана легендарниот македонски композитор Драган Ѓаконовски Шпато, која ја изведуваше Диме Поповски. Македонскиот пејач одамна размислувал да сними преработка на стар македонски евергрин, а за песната на Шпато соработува со гитарскиот виртуоа Дамјан Пејчинивски.
– Соработката со Дамјан беше многу убава. Иако е млад, тој е многу професионален, писмен и драго ми е што во Македонија доаѓа време кога нема страв дали ќе се најде квалитетен музичар во земјава. Можно е со Дамјан да продолжиме со соработка. Да видиме како ќе се прифати песната, па ќе правиме планови. Сѐ може да се случи, па и албум – вели Апелгрин.
„Ми вети ти“ отпеана од Џон Илија Апелгрин и видеоспотот за истата, вчеравечер беа промовирани на „Јутјуб“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)