Судот во британскиот град Нортамптон го осуди албанскиот имигрант Бакшим Бушати на седум години затвор за илегално поседување и дистрибуирање на дрога. Кај 37 годишниот Бушати, при претресот на неговиот стан, се најдени еден килограм кокаин „подготен за препродавање“ како и 14.000 фунти во готовина.
При изрекувањето на пресудата, судијата Ричард Беј, во својот завршен збор не го критикуваше однесувањето на осудениот, кој е повратник во извршување на кривични дела, туку остро ја критикуваше работа на британските имиграциски и погранични власти.
Според судијата Беј, британските власти се виновни што дозволиле осудениот Бушати да влегува и да престојува во Велика Британија, иако тој на неколкупати досега бил депортиран од земјата, а секогаш се враќал назад и при секое враќање извршувал нови кривични дела.
– Неразбирливо е она што се случувало со албанскиот имигрант во изминатите години- рекол судијата во својот завршен збор, оценувајќи ја британската граница пропустлива како „сито и решето“.
Од 2005 година, кога првпат бил осуден Бушати поминал во Велика Британија во затвор, поминал повеќе од пет години, осуден за насилство, дилање со дрога и престој со лажни документи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


