Во последниве некоклу години Италија и местењето фудбалски натпревари често се споменуваат во заеднички контекст.
Натпреварот од купот на Сицилија помеѓу Боргата Теренова и Багерија бил одбележан со незапаметен случај кога при резултат 6:3, гостите постигнале 8 автоголови и така Боргата се најде во наредната фаза од ова натпреварување поради подобрата гол-разлика oд екипата на Пантаураче.
Тренерот на победничката екипа истакна дека натпреварот бил крајно интересен се до моментот кога настанала вистинска фарса на теренот, а неговото објаснување за скандалозната завршница е следно:
-Нивниот капитен ми кажа дека нему и на неговите соиграчи им е драго што ние одиме понатаму, а Пантаураче е елиминиран од ова натпреварување.
Се уште не е познато дали Багерија ќе биде казнета, но ваков случај секако историјата на светскиот фудбал не памети. Сите споменати екипи се натпреваруваат во осмата лига на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


