| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ќе го враќала персоналниот данок на доход

uzunovСДСМ претстави нов дел од политичката програма, со која се предвидува враќање на средства од персоналниот данок на доход на граѓаните кои имаат месечна плата до 12.000 денари.

-На граѓаните кои имаат плата од редовен работен однос во нето износ до 12 илјади денари Владата ќе им враќа средства од персонален данок на доход. Враќањето на персоналниот данок на доход, што претходно ќе биде уплатен од страна на работодавачите, ќе се врши на секои три месеци. Постојните лични ослободувања при пресметувањето на персоналецот ќе останат да важат и понатаму.

Според СДСМ со враќање на средствата од персоналниот данок, а не со ослободување од данокот, наместо кај работодавачите, парите ќе завршат кај граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top