| четврток, 6 декември 2018 |

Една третина дивоградби во Штип се легализирани

Општина Штип има најмногу изготвени решенија за легализирање на дивоградби, месечно се изготвуваат од 200 до 300 решенија.

штипВо Штип се легализирани 2.845 дивоградби, соопштуваат од општината. Во тек се решенија за 1.900 комплетни барања за легализирање објекти, доградби и надградби, велат од Одделението за урабнизам. Повеќе од 5.000 барања за легализација сè уште чекаат да бидат комплетирани.

– Во согласност со новите законски измени сопствениците на ваквите објекти своите барања треба да ги докомплетираат до јуни 2014 година. Затоа апелираме граѓаните да побрзаат со комплетирањето на документацијата и со донесувањето на геодетските елаборати – повикуваат од општината.

Официјално, во Штип се регистрирани повеќе од 10.000 дивоградби и дограби на објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top