
До денеска нема приближување на позициите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на Македонија, кој ќе биде прифатлив за сите граѓани на државата, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска по средбата со директорот на Директоратот за проширување на ЕК, Кристијан Даниелсон, во седиштето на Унијата во Скопје.
– Ние како партија силно ќе останеме зад нашата идеја за еден кандидат кој ќе биде прифатлив за мнозинството граѓани и ќе го браниме тој принцип. Ние ја информиравме и јавноста и коалициските партнери за прифатлив кандидат – нагласи Ахмети.
За евентуален бојкот на претседателските избори Ахмети вели дека сите опции се на маса и за нив се разговара во сите тела на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Ахмети: Денко Малески е прифатлив консензуален кандидат за претседател
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


