| четврток, 6 декември 2018 |

Џон Илија Апелгрин се враќа на музичката сцена со преработка од Шпато

ilija apelgrin

Џон Илија Апелгрин се враќа на музичката сцена. Денеска на „Антена“ е промовирана неговата песна „Ми вети ти“, која е преработка на истоимената песна од Шпато, во изведба на Диме Поповски. Претходно, како што рече тој, песната ја пеела Апостолова, но со друг наслов.

Џон Илија Ашелгрин посочува дека идејата за да сними преработка на стар македонски евергрин е негова. Го побарал Дамјан Пејчинивски, му предложил да направат проект. Изборот паднал на „Ми вети ти“.

– Соработката со Дамјан беше многу убава. Иако е млад, тој е многу професионален, писмен и драго ми е што во Македонија доаѓа време кога нема страв дали ќе се најде квалитетен музичар во земјава. Можно е со Дамјан да продолжиме со соработка. Да видиме како ќе се прифати песната, па ќе правиме планови. Сѐ може да се случи, па и албум.

„Ми вети ти“ отпејана од Џон Илија Апелгрин сѐ уште не е објавена на „Јутјуб“, а еве ја песната во изведба на Поповски.

Да се потсетиме на дел од она што го има отпеано Џон Илија Апелгрин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top