Американскиот телевизиски канал „Дискавери“ во мај директно ќе го емитува подвигот на Џоби Огвин, кој од Монт Еверест ќе скокне со специјален костим со крилја.
„Дискавери“ најави дека во мај директно ќе го пренесува прво искачувањето на познатиот американски планинар на Монт Еверест, а потоа и неговиот скок и лет со помош на костимот со крилја.
На костимот на Огвин ќе бидат прикачени камери кои ќе го снимаат неговиот спуст од околу 3050 метри, а се очекува дека за време на летот ќе достигне брзина и од 241 километар на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.