Уругвајскиот интернационалец во редовите на ПСЖ, Едисон Кавани, би можел по само една година да го напушти клубот од Париз и да се пресели во Англија.
Неговите агенти денеска се на разговори во Лондон и ќе ги разгледаат понудите што ќе пристигнат на негова адреса.
Најзаинтересиран да го види во својот клуб е тренерот на Челси, Жозе Мурињо, кој најави реконкструкција на напаѓачката линија. Се очекува Челси да го напуштат Самуел Ето и Фернандо Торес, кои имаат очајна сезона во клубот од Лондон.
Во приоритетите на Мурињо, освен Кавани, се и Диего Коста и Марио Манџукиќ.
Во трката за Кавани се приклучува и Манчестер јунајтед. Од клубот се надеваат дека сер Алекс Фергусон, кој го напушти менаџерското место во Јунајтед, ќе биде вклучен во зделката бидејќи е во одлични односи со Лорен Блан, кој е тренер на „светците“ од Париз. Кавани дојде во ПСЖ за 54 милиони фунти од Наполи и клубот би се одрекол од услугите на одличниот Уругваец само ако некој плати повеќе од 60 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.