| четврток, 6 декември 2018 |

Видиќ: Дефинитивно заминувам од Манчестер

Српскиот интернационалец во редовите на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ, на крајот од сезоната заминува од Манчестер јунајтед по поминати осум години во клубот со кого освои 15 титули, меѓу кои и пехарот во Лигата на шампионите 2008 година.
Тој за официјалната веб-страница на клубот изјави:

– Минав прекрасни осум години во клубот, што е врв во мојата кариера. Нема да останам во Англија бидејќи единствен клуб за кого ќе играм во Премиер лигата е Манчестер. Поминав прекрасни моменти, а засекогаш во моето срце ќе живее моментот кога ја освоив Лигата на шампините во 2008 година во Москва. Таа вечер засекогаш ќе биде врежана во мене – изјави Видиќ потсетувајќи се на освојувањето на Лигата на шампионите.

Европските медиуми го поврзуваат Немања Видиќ со трансфер во Интер, но за него се заинтересирани и Милан и неколку клубови од Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top