| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен ограбувач на цркви во Охридско

 

Штипјанец што ограбил шест цркви во Охридско бил фатен деновиве.

kradec

СВР  Охрид, за Т.Б.(43) од Штип  поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела тешка кражба, а истражен судија  му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Тој, тешките кражби ги извршил во периодот од 27 минатиот месец до 7 овој месец во црквите „Свети Димитрија“ во селото Издеглавје, „Света Петка“ во Мешеишта, „Света Недела“ во Требеништа, „Свети Кирил и Методи“ во Песочан, „Свети Димитрија“ и „Света Богородица“ во Охрид.

kradec1

Штипјанецот подолго време вршел и поситни кражби од цркви во Струга, Кичево, Тетово и Скопје, но и од куќи во кои привремено престојувал. Од станоиздавец во Охрид каде што привремено се сместил, пријавениот одзел златен и сребрен накит, а потоа ги продавал во повеќе златари во Скопје. Од извршените кражби, пријавениот се здобил со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Тешките кражби, пријавениот  ги вршел со употреба на камен, нож и друг алат дејстувајќи врз катинарите и бравите. Во црквата „Света Богородица-Каменско“, се обидел со нож да ја отвори касата кај олтарот по што од крст одзел 20 сребрени пари. Подоцна ги продал во златарница во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top