| четврток, 6 декември 2018 |

Магла на патиштата, аеродромот функционира

magla_na_pat

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има на патните правци Тетово – Гостивар, Тетово – Скопје и Велес – Скопје, кај Ѓавато видливоста е до 50 метри, Страцин – Крива Паланка од 50 до 100 метри, Куманово – Св.Николе од 50 до 60 метри. На патните правци Струмица – Валандово, Струмица – Радовиш и Струмица – Н. Село видливоста е од 30 до 50 метри, а  од 20 до 50 метри на патот Кр. Паланка – граничен премин Деве Баир.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, претежно на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде што е можна почеста појава на одрони.

На аеродоромот „Александар Велики“ во Скопје се реализираат утринските летови, а ноќеска се откажани слетувањата и полетувањата од и за Љубљана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top