Македонецот Александар Витанов ќе настапи на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сочи кои ќе почнат утре, на 7 февруари, но како дел од делегацијата на верувале или не, на Источен Тимор!
Веста ја објави битолската телевизија „Тера“, со оглед дека Витанов е битолчанец.
Во Источен Тимот не виделе во животот снег, а ниту пак во речникот имаат збор за оваа природна појава. Но, новинската агенција „АФП“ обајви приказна за првиот олимпиец на оваа земја, Јоан Гут Конклавез, кој имал огромна желба да научи да скија и да се натпреварува на Игрите. Неговата мајка е од Источен Тимот, а татко му е Французин.
Витанов потекнува од скијачката школа на Пелистер и долги години настапуваше на натпреварите низа нашата земја и во странство. Тој е во Франција каде долго време работи како дел од скијачка школа и го пренесува своето искуство на младите скијачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)