Струмичанец пренесувал деветмина илегални мигранти од Сирија, Буркина Фасо и Ирак и бил пресретнат од полицајци на патот Штип – Свети Николе.
Утринава околу 2.30 часот на магистралниот пат Штип-Свети Николе, на местото „Криви Дол“, од страна на полициски службеници е забележано патничко моторно возило „фолксваген шаран“, управувано од Т.Д.(36) од Струмица.
На даден знак да застане, возилото продолжило да се движи, по што на оддалеченост од околу два километри било забележаното возилото како стои паркирано, а од него излегувале непознати лица кои се обиделе да се дадат во бегство.
Лицата се приведени во СВР Штип, се работи за девет странски државјани (шест сириски, двајца државјани на Буркина Фасо и еден ирачки државјанин), кои не поседуваат документи за идентификација, а од извршениот разговор со нив е дознаено дека откако нелегално влегле во Република Македонија, потоа на местото „Гродошорска раскрсница“- Струмица биле преземени од Т.Д. кој за надомест од 20 евра од човек требало да ги пренесе до Велес, а потоа да заминат нелегално во Србија.
По документирање на случајот против Т.Д. одреден му е 30 дневен притвор, додека странските државјани се предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



