| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски-Даниелсон: Високиот дијалог го намалува траењето на преговорите за членство во ЕУ

gruevski-danielson1-500

Никола Груевски, премиерот на Македонија се сретна со генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската комсија (ЕК), Кристијан Даниелсон.

Како што соопштуваат од Владата, на средбата стана збор за европските интеграции на Република Македонија кои се стратешка определба на Владата.

Груевски ги истакнал реформите кои се преземаат со цел достигнување на стандардите кои се од значење за европската интеграција на нашата земја, а го истакнал и придонесот на европските институции во напредокот и реализацијата на реформите.

-Директорот Даниелсон искажа интерес за приоритетните области кои Владата планира да ги преземе во следниот период, а во пресрет на есенскиот извештај за напредок. Соговорниците разговараа и околу планирањето на понатамошната европска финансиска поддршка за реализација на проекти и реформи во Република Македонија, се вели во соопштението од Владата.

На средбата Груевски-Даниелсон било разговарано и за реализацијата на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво помеѓу Република Македонија и Европската Унија кој од страна на соговорниците бил оценет како позитивен процес и ја истакнаа неговата корисност за продолжување на реформите од европската агенда.

Премиерот Груевски и директорот Даниелсон оценија дека резултатите од дијалогот ќе придонесат во намалување на времетраењето на преговорите за членство во Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top