Норвежанката Кјерсти Буас е новата жртва на контроверзната патека за сноуборд во Сочи, каде што утре почнуваат Зимските олимписки игри (ЗОИ) во овој руски град. Многу олимпијци ја прогласија патеката за исклучително опасна, а некои дури и одбиваат да скијаат.
За време на квалификациите Буас загубила рамнотежа, паднала и со главата удрила во снег. За среќа, сѐ минало без поголеми последици. Подоцна таа изјави дека има силни болки во грбот и во стомакот и дека има скинати мускули.
Патеката предизвика многубројни полемики и критики. Американецот Шон Вајт одлучи да не се натпреварвува заради сопствена сигурност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)