На социјалните мрежи нашироко се споделува видео снимка направена од новинар кој откако регистрира полициско апсење, станува жртва на британската полиција. Оваа снимка стара една недела ја шокира јавноста во Велика Британија, бидејќи очигледно полицијата не само што не се стеснува да го крши законот пред камера, туку и јасно дава до знаење дека се сигурни дека нема да бидат преземени никакви дисциплински постапки.
Полицијата се справува со помал протест, а кога го приметуваат дека снима со камерата, полицаец одеднаш го обвинува дека пиел. Прво неколку пати непрекинато го прашува дали пиел и колку чашки алкохол испил сабајлето, а потоа возел? Новинарот одговара дека не пиел и дека тој го набљудува настанот, дека е пешак во пешачка зона.
На изненадување, полицаецот го обвинува дека „здиот му мирисал на алкохол“ за потоа веднаш да се сврти кон колегите и да рече дека новинарот тукушто признал дека пиел. За потоа, водејќи го низ улицата да го надогради тврдењето дека всушност новинарот возел пијан.
-Ти дојде со автомобил, јас почусвував мирис на алкохол во твојот здив, а и ти веќе призна дека си пиел- ги игнорира полицаецот барањата на новинарот да знае дали е уапсен, додека го води на алкотест.
Полицаецот потоа го предава новинарот на други колеги со тврдење дека новинарот апсолутно возел пијан на протестот.Тие продолжуваат да го обвинуваат за пиење и возење, но и со притисок да направи алкотест.
-Ако одбиете да напраите алкотест ќе бидете уапсени- г предупредуваат полицајците, не слушајќи ги неговите тврдења.
Откако одбива алкотест, очигледно уплашен, новинарот е уапсен а неговата камера е исклучена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.