| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Се шири тендерскиот скандал во Куманово

vmro dpmne

Тендерскиот скандал во Куманово се шири и добива уште позагрижувачки размери.

Поранешниот пратеник на СДСМ, Драган Митовски, преку својата фирма „Алми – Петрол“, не само што добивал пари од Општина Куманово, туку добивал и тендери од општинските установи во Куманово. Фирмата „Алми петрол“ од Куманово склучила три договори за јавни набавки со ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“ и ЈП „Водовод“ со вкупна вредност од 6.985.590 денари. Овие три договори биле склучени за набавка на нафта и нафтени деривати за греење.

– Очигледно, фирмата на поранешниот пратеник од СДСМ во два мандата, Драган Митовски, била дел од добро разработениот систем за добивање на јавните набавки во Општина Куманово. Оваа фирма преку овие три јавни набавки, како и преку останатите 4 јавни набавки со Општина Куманово за кои говоревме вчера, остварила вкупен приход од 57.041.628 денари, односно околу 950.000 евра. Вака парите на граѓаните на Куманово завршуваат во џебовите на функционерите на СДСМ. Еднаш тоа го прават преку фирмата на синот на
поранешен пратеник од СДСМ „ЕлектроКуманово“, друг пат тоа го прават преку фирмата на друг поранешен пратеник на СДСМ „Алми-Петрол“ – изјави Александар Колев од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од јасно е дека системот кој постоел во Струмица бил пресликан идентично и во Куманово. Како и Зоран Заев во Струмица, така и Зоран Дамјановски во Куманово создал мрежа на фирми преку кои ги испумпувал парите на граѓаните само за богатење на свои блиски партиски соработници.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Дамјановски наместо да се крие зад „бенигни“ соопштенија и одговори, да излезе и да ѝ објасни на јавноста зошто токму фирмата на неговиот сопартиец Драган Митовски добила вкупно 7 договори преку кои ѝ бил обезбеден приход од околу 950.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top