| четврток, 6 декември 2018 |

Место капки за очи, си ставила лепило

Вистински кошмар доживеала една жена од истокот на Кина кога место да си стави капки за очи, по грешкаво очите си ставила лепило.

Како што пренесува „Шангајист“, 47-годишната жена, чијшто идентитет не е познат, во џебот си носела капки за очи бидејќи имала воспаление.

Додека била на работното место, капките ги извадила од џебот и ги ставила на бирото близу до лепилото, а потоа направила грешка, чиишто последици можеле да бидат фатални. Таа си ставила од лепакот место од капките, па по неколку капки сфатила дека не може да ги отвори очите.

За среќа, жената навреме била однесена во амбуланта, каде што докторите се погрижиле да не ѝ се оштети видот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top