| четврток, 6 декември 2018 |

Расте невработеноста во Словенија

slovenija

Бројот на невработени во Словенија во јануари изнесувал речиси 130.000 лица, што е пет отсто повеќе во однос на декември минатата година  и 15 отсто повеќе во однос на 2012 година, покажуваат последните податоци на словенечкиот Завод за статистика.

Најмногу пораснала стапката на невработеност меѓу младите до 29 години, која според последните податоци на Заводот за вработување, опфатила дури 34.000 лица.
Организациите кои ги застапуваат младите тврдат дека државата не презема системски мерки за намалување на невработеноста меѓу младите, бидејќи поради штедење се намали можноста за истражувачка дејност и дополнително образование на младите.
Владата, пак, тврди дека таквата ситуација со невработеноста меѓу младите оваа година ќе се „стабилизира“. Имено се чека ефектот од над десет мерки кои Владата ги донела во соработка со Европската унија, со кои, меѓу другото, се предвидува субвенционирање дополнителни оспособувања и приправен стаж за младите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top