
Проблемот со името не е билатерален проблем, туку меѓународен проблем, изјавил шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос коментирајќи ги забелешките на европратениците дека постои билатерален проблем меѓу Македонија и Грција во однос на името, пренесува „Дојче веле“.
„Проблемот со името не е билатерален проблем, тој е меѓународен проблем. Дијалогот, преговорите, услугите на посредникот Нимиц се втемелени врз две резолуции на ООН и на фундаменталниот принцип на европските придобивки, на европското право, односно на принципот на почитување на резолуциите на ООН“, изјавил Венизелос, чија земја е актуелен претседавач со Европската унија.
Тој го повторил и грчкиот став дека проблемот со името не е единствената препрека за Македонија за започнувањето на пристапните преговори со ЕУ, туку дека се работи и за исполнувањето на копенхашките критериуми.
„Проблемот е реализацијата и почитувањето на општите критериуми кои треба да ги почитуваат сите земји-кандидати и тоа што важи за сите земји-кандидати, важи и за ПЈРМ“, порачал Венизелос потенцирајќи дека станува збор за почитувањето на меѓународното право, регионалната стабилност, иредентизмот – кој го кажува или го крие своето име, како и добрососедските односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Златна Зора” упадна со закани на промоцијата на „Групата на пријатели на Македонија” во ЕП (фото +видео)
-
Дополнителни 69,6 милиони евра помош за справување со бранот мигранти
-
Крајнодесничарски партии создаваат група во Европарламентот
-
Европарламентот загрижен за можниот референдум во Република Српска


