Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер ги обвини САД за непочитување на суверенитетот на Германија, откако е објавено дека германската Агенција за национална безбедност (НСА) го прислушувала неговиот телефон во 2002 година.
– САД немаат почитување кон држава, која е нивни лојален сојузник, ниту кон нејзиниот суверенитет – истакна Шредер.
Тој нагласи дека фактот дека земјите се шпионираат една со друга не е нешто ново, но дека сериозно е прислушувањето на телефонот на еден канцелар.
Весникот „Зидојче цајтунг“ вчера објави дека НСА ги шпионирала властите и пред доаѓањето на Ангела Меркел на власт.
Повикувајќи се на извештаите на Едвард Сноуден, весникот пишува дека причината за прислушувањето на Шредер била неговото противење на инвазијата на Ирак за време на администрацијата на Џорџ Буш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.