Фудбалерите на Реал стигнаа до голема предност по првиот натпревар во полуфиналето на шпанскиот Кралски куп, откако на домашен терен го совладаа градскиот ривал Атлетико со резултат 3-0.
Реал до водечкиот гол дојде во 17. минута кога Пепе шутираше од дваесеттина метри, топката го погоди Инсу во грбот по што го превари голманот на Атлетико Куртоа и заврши во мрежата.
Екипата на Карло Анчелоти продолжи со нападите што им беа од корист бидејќи во 57. минута Хесе Родригез го зголеми резултатот на 2-0. Конечниот резултат го постави Ди Марија во 73. минута кога со шут од далечина успеа да го совлада Куртоа.
Реванш натпреварот од полуфиналето ќе се одигра во вторник 11. февруари на „Висенте Калдерон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Официјално: Атлетико Мадрид ги продаде Карраско и Гаитан во Кина
-
Аргентинецот Нико Гаитан заминува од Атлетико Мадрид
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)