| четврток, 6 декември 2018 |

Печалбарството растура се повеќе бракови во Велес

razvod

Претходните години по педесет, седумдесет и деведесет, а лани во општината се развеле вкупно 132 бракови. Различна е старосната возраст на брачните другари кои повеле парници и ја раскинале заедницата. Има млади, но и возрасни граѓани кои заедно живееле петнаесет па и дваесет години пред да ја донесат одлуката за развод, велат од велешкиот суд за порталот дума.мк.

Социјалниот момент е најчеста причина за развод. Сиромаштијата во која живеат граѓаните, заминувањето на еден од брачните другари на работа во странство, најчесто мажот, е суштинскиот проблем за најголем дел од нив. Потоа следи семејното насилство.  На судските парници се почесто како причина, младите луѓе, ја соопштувале недовербата меѓу себе како и далечината и одвоениот живот на подолго време.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top