| четврток, 6 декември 2018 |

Се сруши покрив на „Карфур“ – повредени најмалку две лица (ФОТО)

Најмалку две лица се повредени вечерва при урување на покрив на хипермаркет на „Карфур“ во југоисточниот француски град Ница, јави ИТАР-ТАСС.

3344661

Причината за несреќата засега не е утврдена.

На местото на инцидентот пристигнаа спасувачи и противопожарни тимови, кои работат на расчистување на урнатините.

Хипермаркетот на „Карфур“ е со површина од 14.809 квадратни метри и е најголема продавница во Ница. Во овој регион на Франција веќе неколку дена паѓаат поројни дождови, придружени од силни ветрови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top