| четврток, 6 декември 2018 |

„Опуштено“ со многу познати (ВИДЕО)

Панчо и Андреј заедно со своите пријатели и соработници снимија видеоспот за песната „Опуштено“, која Панчо ја напиша и посвети на својот пријател од Хрватска, диџеј Бронсон, кој пред две години почина од рак.
– Оваа песна ми значи многу. Ја напишав во тежок период за мене затоа што изгубив пријател кој го сакаше животот, а тој ја загуби битката со ракот. Баш затоа, да му се подаде рака на оној на кој му е потребна помош, да се негува животот затоа што е премногу краток, да се шири позитивна енергија и да се живее секој ден како да е последен се клучните пораки во „Опуштено“ – изјавува Панчо.
Спортисти од неколку конкурентски клубови, новинари од различни редакции и медиумски личности, се главните протагонисти кои со многу насмевки ќе ѝ ги доловат на публиката овие пораки  во видеото  што го режираше долгогодишниот соработник и пријател на ДНК, Владимир Митревски-Ѓуле.
Видеото беше промовирано вечерва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top