| четврток, 6 декември 2018 |

Гаф на српски министер – погреши прашање кое се учи во основно (ВИДЕО)

Српскиот министер за образование, Томислав Јовановиќ, беше гостин во утринската емисија „Кажипрст“ на „Б92“.

Водителката во еден дел од емисијата побара министерот да одговори на прашањето кое се наоѓа во тестовите за мала матура во основните училишта. На прашањето кој од следниве процеси кои се одвиваат во земјата е спротивно на другите, му беа понудена четири одговори: дишење, испарување, кондензација и транспирација.

ministar_5022014_screenshot

Министерот одговори погрешно – транспирација, манесто кондензација.

– Само да знаете, намерно погрешив – рече Јовановиќ.

– Ако половина од основците не знаат колку време траеше Втората светска војна, што ќе прваиве со кондензацијата која го збуни министерот за образование – врати водителката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top