| четврток, 6 декември 2018 |

Падна плафонот во училница во тетовската гимназија

Нема повредени при падот на дел од плафонот во една од училниците од бараката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ информираше директорот на гимназијата Намикќемал Мустафа.

До инцидентот дошло откако еден од мајсторите што ја поправале покривната конструкција изгубил рамнотежа и паднал на покривот по што дел од плафонот се одвоил и паднал во училницата каде за среќа немало ученици бидејќи бил голем одмор.

– При интервенцијата додека работеле мајсторите еден се лизнал и паднал на таванот и тој дел, тоа парче на таванот паднало во училницата но за среќа нема повредени бидејќи учениците беа на одмор и мајсторот не се повреди, рече Мустафа.

Според него, неопходно било да се преземат мерки за поправка на покривот кој прокиснувал, а немало дополнителна училница каде би можела да се следи наставата додека траат поправките.

Тој очекува во следниот период да започне и реализацијата на проектот за целосна реконструкција на бараката и училниците во неа кои се во многу лоша состојба и што подолго време се најавува од министерството за образование и наука. Во дотраените училници наства во две смени изведуваат учениците на македонски наставен јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top