Германскиот сатиричен неделник „Титаник“, во најновиот број се потсмева на несреќата на Михаел Шумахер.
„Ексклузивно! Прва фотографија по несреќата. Еве како изгледа сериозно повредениот Шуми“, стои на насловната страница на списанието, додека на фотографијата 64-годишната легенда на Формула 1, Ники Лауда.
Познатиот возач не може да верува колку ниско се спуштиле уредниците на „Титаник“.
„Насловната е нерифатлива и потполно непочитување. Кој објавува вакво ѓубре? – вели поранешниот светски шампион во Формула 1, кој исто така доживеа сериозна несреќа во 1976 година во Нирбургринг .
„Титаник“ објавил и сложувалката од фотографијата на повредениот Шумахер и лавиринт во кој грешното свртување води кон болницата.
Контроверзниот германски неделник се објавува уште од 1979. година, со тираж од 100.000 примероци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун


