| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски работи по ист модел како Заев за сомнителни тендери

vmro-dpmne1_1

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, на пратеникот Драган Митовски од СДСМ од Куманово му дал јавни набавки во два мандати.

– Зоран Дамјановски работи по ист модел како Зоран Заев. Очигледно на сомнителното работење на градоначалниците од СДСМ му нема крај. Откако обелоденивме во јавноста за сомнителни договори за јавни набавки кои Зоран Дамјановски ги склучувал со свои блиски партиски соработници, денес ќе презентираме уште еден случај во кој Дамјановски доделувал тендери на уште една фирма чиј сопственик е поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Драган Митовски – изјаво Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата Алми – Петрол Дооел Куманово чиј сопственик е Драган Митовски, во два мандата поранешен пратеник во Собранието на Р.Македонија од редовите на СДСМ, склучила 4 договори за јавни набавки со Општина Куманово. Вредноста на овие 4 договори изнесува фантастични 50.056.038 денари. Зоран Дамјановски во период од само 7 месеци ги склучил овие договори, со што ја ангажирал фирмата на Драган Митовски за изградба на дел од регулација на речното корито на реката Кумановка. Поточно, Дамјановски на фирмата Алми – Петрол Дооел Куманово за само 7 месеци и обезбедил приход од над 50 милиони денари.

– Се надеваме дека овој пат Дамјановски ќе успее да собере храброст и ќе објасни како и зошто токму фирмите на луѓе блиски до СДСМ и поранешни пратеници од СДСМ добивале огромни тендери во Општина Куманово. Повеќе од јасно е дека ваквото работење е препознатливо само за СДСМ, односно за градоначалниците кои што се од редовите на СДСМ, Зоран Дамјановски и Зоран Заев – рече Рангелова.

Од владејачката партија повторно го повикаа Дамјановски, наместо да ја префрла одговорноста на други лица, конечно да објасни како се испумпувале парите од кумановчани кон фирми чиј сопственици се поранешни пратеници и функционери на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top