| четврток, 6 декември 2018 |

Почина бебето од сообраќајката кај „Мавровка“

ginekologija

Во понеделникот починало бебето што на свет дојде откако неговата мајка преживеа тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје кај „Мавровка“, а таткото почина поради тешките повреди.
Женското бебе се роди во саботата, кога мајката итно беше породена со царски рез на Клиниката за гинекологија.
Од оваа институција ја потврдуваат информацијата, но не даваат подетални информации. Неофицијално, бебето било родено предвреме. Тешката сообраќајка се случи во саботата доцна попладне, на одење кон болница. Жената добила породилни болки и побрзо за да стасаат до болница, нејзиниот сопруг возел со вклучени светла и поминал на црвено. Но, други учесници во сообраќајот не го сфатиле неговиот предупредувачки сигнал поради што и настанал судирот во кој учествуваа три возила, а меѓу повредените имаше и пешаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top