| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: СДСМ го боли што градиме болници и патишта

 

СДСМ нема слух, знаење и волја за егзистенцијалните прашања и проблеми на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ успешно ги реши тие проблеми. Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на собраниска седница во реплика на пратеникот Горан Мисовски од НСДП.

СДСМ, како што рече, го боли фактот што во изминатите седум години со вакви проекти се реализираа градби на многу инфраструктурни проекти кои решија прашања од животниот стандард на граѓаните, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во Македонија во многу области.

– Со вакви проекти во изминатиот период се изгради водовод во Чанаклија, Василево. Се реши децениското прашање за водоснабдување во Кавадарци. Со вакви проекти се градеа региоанални и локални патишта во сите делови на Македонија, се изградија спортски сали во многу градови во Македонија. Со вакви проекти се решаваат децениски прашања на водоводи, фекални канализации, кои, за жал, вие и СДСМ во изминатите 20 години не ги решивте. Егзистенцијални прашања и проблеми на граѓаните за кои вие немавте ни слух ниту пак знаење или волја да ги решите – рече Ставрески.

Со вакви проекти, како што рече, по децении зборување се почна со реализација на проектот за пругата кон Бугарија.

– Што се однесува до странските инвестиции, тоа што ве боли е што со нашата работа, со подобрување на бизнис климата, со привлекување странски инвеститори, најниски даноци во Европа, успеавме да привлечеме инвеститор во Кавдарци „Дрекслер-Мајер“, со 3.031 вработување во Кавдарци. Инвеститор „Кромберт и Шуберт“ во Битола, со 822 вработувања досега. Инвеститор во Штип, „Џонсон Контролс“ 900 вработувања досега. Инвеститори во Скопје, кои отворија илјадници работни места. Само во зоните се отворени преку пет илјади работни места – потенцира Ставрески.

И во текот на 2014 година, најави Ставрески, ќе има дополнителни шест илјади работни места или вкупно 11 илјади работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top