Новиот напаѓач на Монако, Димитар Бербатов, откри дека одлучил да се пресели во Монако, дури откако се консултирал со поранешниот соиграч од Манчестер јунајтед, Патрис Евра.
– Се консултирав со Евра за мојот трансфер во Монако и од него слушнав многу убаво работи за клубот. Иако не е секогаш полн стадионот, тимот моментално е второпласиран во шампионатот и е на добар пат за остварување на неговите цели. Од соиграчите го знам Рикардо Карваљо, така што не се чуствувам како нов играч во клубот – изјави Бербатов.
Бугаринот одлучил да се консултира со Евра бидејќи левиот бек на Манчестер јунајтед за Монако настапувал од 2002 до 2006 година. Во вторникот Бербатов имаше можност да се запознае со останатите соиграчи, а го изработи и првиот тренинг во новиот клуб. Единствено не се запозна со Радамел Фалкао, кој се опоравува од повредата.
– Ми претстои голем предизвик, да заменам одличен играч како што е Фалкао. Сепак, целта ми е да се вклопам во екипата што е можно подобро. Иако сум постар од Радамел, сепак фудбалот се игра со глава. Ќе видиме во наредните натпревари како ќе се снајдам на теренот. Видов доста работи на тренингот, се надевам дека нема да ми треба многу време за адаптација – додаде Бербатов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


