| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвонела 400 пати во Домот за здравје – никој не ѝ кренал

Девојка од Нови Сад, вчера точно 400 пати ѕвонела во кол центарот на Домот за здравје „Нови Сад“, а ниту по три часа и 18 минути не успеала да добие врска, ниту пак да закаже преглед. 26-годишната новосаѓанка одговорно го бележела во тетратката секој повик, ставајќи цртички.

– Бев на преглед кај интернист и кога завршив отидов на шалтерот за да закажам и контрола. Таму ми рекоа дека преглед единствено можам да закажам преку кол центарот, па си заминав дома за да се јавам, раскажа Бранка Б.

Според неа, била подготвена на тоа дека нема веднаш да добие телефонска врска, затоа што слично искуство имала и нејзината мајка пред неколку месеци. Со тоа одлучила да става цртички за секој повик.

– Почнав да ѕвонам во 11 часот, а се траеше до 14.18 часот. Пишував цртички за секој повик. Кога конечно прекинав со јавувањата, ги пребројам цртичките и утврдив дека тие се вкупно 400, рече Бранка.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top