| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на двете момчиња кои утрово беа претепани до смрт

crna-hronika-mrtvi

Две млади момчиња се пронајдени рано утринава пред локал во центарот на Нови Сад, а како што неофицијално се дознава, еден од убиените е Драган Јовановиќ (26), некогашниот водач на навивачката група „Фирма“.

Драган и другото момче Дарио Роклицер (29) се претепани до смрт по расправија со група момчиња. Тие излегле надвор од кафеаната каде група мажи до смрт ги претепале со дрвени стапови. Двете убиени момчиња повеќе пати биле приведувани поради различни кривични дела.

На Јовановиќ се пукало во септември оваа година во Грбавец, каде се здобил со тешки телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top